Кој е составот на комисијата што утврдува кои филмски работници ќе семаат државни пари за проекти, зошто Горјан Тозија не го кажува нејзиниот состав, прашува актерот и режисер Висар Вишка.
Според него најголемата одговорност за скандалозната распределба на пари секоја година е токму кај првиот човек на Агенцијата за филм.
-Се разбира дека главата на таа институција е првиот виновник. Неколку пати му е кажано дека треба да смени а не да продолжи по старо, но истото продолжува. Сега ја крие комисијата, кое што е тотално неразбирливо во една државна институција да криеш комисија, демек ја чува од некакви влијанија, или незнам... Ако некој неможе да ги сноси секакви надворешни влијанијата од надвор тој не треба да биде во една комисија или да биде глава на една институција. Секој со чист образ треба да стои поради својата одлука и да може да ја одбрани истата. И тој намерно го прави, бидејќи секогаш се крие позади некаква комисија која никој не ја знае, а всушност одлуките не се ни на комисијата... Не ни знаеме кој одлучува, а однапред сме свесни кој ќе добие пари уште пред да се објават резултатите – вели за Алфа, Висар Вишка.
Индиректната одговорност за тоа што прави и како работи Тозија има Владата од која е и поставен.
-Тој е одбран од Влада на Република Македонија. Тој директно ги координира сите кои се таму одбрани од Влада. Многу е смешно што кога продуцентите ќе наидат на проблем, ни се случи неколку пати, одат пред Министерството за култура кое нема никакви ингеренции да ни помогне, бидејќи ниту ја избира Комисијата ниту директорот. Тоа е директно од Влада, вели Вишка.
Ова не е прв скандал на Тозија, и не само филмски. Неговите скандалозни навреди на социјалните мрежи на адреса на хрватските власти беа причина за реакција и од хрватски здруженија и од навивачки групи таму. Бараа официјален Загреб да инсистира на извинување од македонските власти и да преземе санкции за однесувањето на Тозија.