Македонија е суверена земја и мора да гарантира фер и демократски избори, ние сме само набљудувачи, порача вчера во емисијата „Што не е јасно?“ шефица на специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР за претстојните предвремени избори Лаима Андрикиене. Не откри како точно и каде ќе бидат поставени нивните набљудувачи, но вели и тие ќе мора да се прилагодат на здравствените протоколи.

-Наша задача е и следење на медиумското покривање. Вашата земја е позната во светот има многу фесјбук акаунти околу 1.000.000 имате многу телевизии многу видливо и присутно граѓанско општество. Македонија е суверена земја и мора да гарантира фер и демократски избори. Ние сме тука само да набљудуваме. Не постојат совршени избори, секогаш може да бидат подобрени. Овие избори ќе бидат тест дали земјата ќе може да стане членка на големиот клуб, вели Андрикиене.

Според неа сосема е очекувано членовите на избирачките одбори заради страв да одбиваат да работат на денот на гласањето, но сите ќе мора да се прилагодиме на ситуацијата нагласува Андрикиене.


Администратор
11/07/2020 02:34