Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-3, Виница-1, Свети Николе-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од: Скопје-72, Куманово-53, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-1, Гостивар-5, Пробиштип-2, Ресен-4, Неготино-1.

Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем. Во ОБ Струга е починат пациент на 86 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3422, активни 1960 • Куманово 801, активни 194 • Дебар 110, активни 58 • Штип 390, активни 157 • Прилеп 281, активни 51 • Тетово 775, активни 391 • Струга 268, активни 169 • Велес 196, активни 42 • Битола 62, активни 23 • Охрид 205, активни 176 • Кавадарци 21, активни 15 • Гостивар 161, активни 93 • Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци) • Струмица 17, активни 9 • Крива Паланка 17, активни 11 • Радовиш 4, активни 0 • Крушево 7, активни 3 • Кочани 75, активни 22 • Пробиштип 29, активни 18 • Демир Хисар 2, активни 1 • Македонски Брод 6, активни 4 • Пехчево 6, активни 3 • Берово 3, активни 0 • Валандово 6, активни 2 • Виница 4, активни 1 • Делчево 1, активни 0 • Кратово 5, активни 2 • Свети Николе 47, активни 42 • Кичево 48, активни 39 • Ресен 122, активни 85 • Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 894 теста се преку: ИЈЗ –544, МАНУ -96, Жан Митрев (Филип Втори) -71 и Систина со PCR метода -183. Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 29 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 122 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 94 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 402 • Аеродром - 155 • Бутел - 170 • Гази Баба - 201 • Центар – 149 • Карпош – 166 • Сарај – 150 • Кисела Вода – 110 • Ѓорче Петров – 115 • Студеничани – 107 • Шуто Оризари – 95 • Арачиново – 51 • Илинден – 35 • Петровец – 17 • Чучер Сандево – 18 • Сопиште – 9 • Зелениково-8 • Странец – 2 • Нераспределен- 0