Две жени се сериозно повредени утрово во Сиетл кога автомобил удри со помала група демонстранти на автопат, соопштија официјалните лица.

„Автомобилот мина низ рампите и удри неколку пешаци“, напиша полицијата во Сиетл на својот профил на Твитер.

Би-Би-Си јави дека една од жените, наводно, има животно загрозувачки повреди, а возачот е уапсен.

Осомничениот е идентификуван како 27-годишен маж од Сиетл, а не се знае дали станува збор за намерен напад.

Немирите во Сиетл траат откако Афроамериканецот Џорџ Флојд почина за време по полициско приведување во Минеаполис во мај.

Протестите на движењето „И црните животи имаат значење“ се одвиваат низ сите градови на САД.


Администратор
04/07/2020 23:16