Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово, информира Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (63г). Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти од Скопје (59г) и (63г) и еден пациент од Штип (36г). Во болницата во Штип е починат пациент од Берово (69г), во Куманово пациент (78г).