Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 1 како дел од коалицијата „Обнова за Македонија“ Сафет Бишевац на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот.

- Почитувани пријатели. Тестирањето покажа дека сум ПОЗИТИВЕН на Ковид-19. За жал, нештата понекогаш се случуваат и покрај максимално можно почитување на препораките за заштита. Се чуствувам одлично, засега немам никаков проблем. Заедно со семејството во наредниот период ќе бидеме во изолација, под надзор на матичниот лекар. Да сте живи и здрави, напиша на својот фејсбук профил Бишевац.