Нова аудио-бомба попладнево е објавена на Јутјуб каналот „Vice mafiozo“. Во неа се изнесуваат шокантни наводи за Вице и Трајче Заеви, како и за луѓе од нивното опкружување, од контроверзен лик за кој се тврди дека е извесен Горан Димовски од Битола со прекар Тушникот.

Според описот на видеото се тврди дека Тушникот води разговор со Стојче Чифлигароски, сопственик на „СВ Инвест“, фирма која се доведуваше во врска со Вице Заев и која е една од фирмите која добива тендери во РЕК „Битола“.

Во аудио-снимката Тушникот се фали дека добил зелено светло од извесен Рашо, за кого се тврди дека најверојатно е Радиша Бојовиќ, зет на Зоран Заев, а ќе остварел и средба со братот на Зоран, Вице Заев, за да се запали автомобил на човек од Битола, извесен Чаки, затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ и многу ја претерал.

Во снимката Тушникот раскажува дека во Струмица заработил 30-40 илјади евра преку некој адвокат за вадење на човек од притвор, за што добил златен часовник како награда. Се спомнува и бизнисот со канабис.

Целосната аудио снимка може да се слушне на следниов линк.