Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски.

Во моментов останува да важи старата одлука, односно дека границите се отворени, рече Спасовски.

– Ова не е прашање на политика, и затоа Владата не може да носи одлука која би била политичка. Ние сакаме да носиме одлука врз основа на проценка стручните лица. Ако се согледа каква било потреба, ако се согледа дека има потреба да се преземат мерки, тогаш ќе се разговара на Влада. Засега Владата нема донесено никаква одлука, и во моментов важи старата, односно дека границите се отворени, изјави Спасовски.

Претходно, дел од медиумите информираа дека на состанок на Комисјата за заразни болести требаше да се разговара за евентуално затворање на границите или за други превентивни рестриктивни мерки.

Според нив, на состанокот, членовите на Комисијата за заразни болести по жестока дискусија одлучиле одговорноста да остане кај Владата на Република Македонија и не дале никакви препораки.

Не успеавме да изградиме заеднички став, така што нема што да препорачаме во однос на границите. Ако сега препорачаме затворање, зошто тогаш ги отворавме. Затоа нека одлучи Владата – потенцираат извори од Комисијата за заразни болести.