Црниот биланс од корона вирусот во последното деноноќие е 173 новозаразени и 15 починати.

Додека граѓани заболуваат и умираат, Венко Филипче снима спотови, оди на митинзи со Зоран Заев и се препукува партиски со здравствените власти.

Македонија со 6625 заболени и 321 починати е црн рекордер во регионот по бројот на сто илјади жители.

Ваквите бројки одат на совеста на Заев, Филипче и СДСМ кои имаат други приоритети наместо здравјето и животите на граѓаните.

Вирусот наречен власт на Заев е подеднакво опасен како и корона вирусот. Овој вирус ја разјадува Македонија, ја осиромашува, создава систем на корупција криминал и рекет, наместо да гради систем на квалитетно здравство, образовани и економија.

Видовме дека овие три години власт на СДСМ и Заев времето било трошено да се направи некој дил со контроверзни бизнисмени кои самите признаваат дека давале и по 300 илјади евра за да им се заврши работата. Гледавме како торби со милиони евра и снопчиња со пари биле разнесувани низ цела Македонија, а за што постои сведоштво дека на крајот завршувале кај Вице и Зоран Заеви.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Администратор
03/07/2020 11:27