Дел од медиумите пренесоа дека попладнево Зоран Милески – Кичеец бил повикан во полициската станица Карпош за да даде изјава во врска со аудио разговорите објавени пред некој ден на социјалната мрежа youtube каде тој разговара со црногорскиот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ.
Ова следува еден ден откако јавната обвинителка Вилма Русковска изјави дека МВР треба да процени дали има елементи за сторени кривични дела.
Аудио бомбата која се појави на „ЈуТјуб“ каналот „Раце Лепливи“, открива сознанија и сомневања за криминал од интернационални рамки во кој се врзува името на контраверзниот српски тајкун Миодраг Давидовиќ Дака, Зоран Заев и Рашкоски. Врската за овие три имиња е Зоран Милески Кичеец кој пак е осуден за случајот Рекет.
Во снимката двајцата соговорници ги споменуваат имињата на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, а се слуша и името на поранешниот премиер, а актуелен претседател на СДСМ Зоран Заев.
Соговорникот кој зборува на српски јазик споменува дека му дал 300 илјади евра на Милески.