Одговорајќи на новинарски прашања за одбивањето на грчката армија да потпише договор со нашата земја под кратенката МКД, Димитров даде политички и неконкретен одговор истакнувајќи дека Преспанскиот договор е еден многу деликатно постигнат баланс и сите елементи што се добри за едната страна или што се добри за другата страна се исклучително важни за овој баланс да се задржи.
– Ние сме целосно посветени на сите наши правни обврски од Преспанскиот договор. Вклучувајќи ја и таа одредба во однос на кодот којшто е или МК или МКД. Ќе треба да се седне и да се разговара за ова прашање. Јас сум убеден дека од другата страна низ разговор ќе има целосна примена, се разбира на сите одредби од Преспанскиот договор, којшто е склучен и правно обврзувачки и за двете страни на начин на којшто ќе се оди напред кон пријателството што го создаваме, појасни Димитров.