Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски објави на социјалните мрежи дека и вториот тест за Ковид-19 му е негативен.

-Почитувани пријатели, и вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати. Се надевам дека овие неколку денови ќе следи успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение. И ова ќе помине, а потоа на ред е обновата! Секое добро, напиша на неговиот фб профил Милошоски.

Милошоски во вторникот беше примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје поради зголемена температура, откако претходно објави дека неговата мајка е позитивна на Ковод-19.


Администратор
02/07/2020 14:48