На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани се 92 пациенти од кои на кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови пациенти, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.