Починати се четворица пациенти, по еден од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.
Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-43, Штип-1, Битола-1, Ресен-3, соопшти Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Тетово (56 г.). Во ГОБ „8 Септември“ почината е пациентка од Скопје (56 г.). Во болницата во Гостивар почината е пациентка (71 г.) и во Прилеп пациент на 83 години.