Триптих на британско-ирскиот уметник Френсис Бекон вчера е продаден за 80 милиони евра на интернет-аукција на аукциската куќа „Сотби“ .

Наддавањето од двајца потенцијални купувачи – еден преку Интернет и еден преку телефон – траело 10 минути. Купувачот претпочита да остане анонимен.

Првичната проценка беше дека цената ќе достигне нешто помалку од 60 милиони евра.

Триптихот инспириран од старогрчката трагедија „Орестија“ од Есхилус, Бејкон го составил во 1981 година. Норвешкиот колекционер Ханс Аструп го купил делото 1984 година и оттогаш беше дел од неговиот музеј.

Бејкон почина во 1992 година. Друг негов триптих во 2014 година беше продаден за речиси 64 милиони евра, а претходно, во 2013 година, друго негово дело во истиот формат на наддавањето достигна рекордна цена од 124,4 милиони евра.


Администратор
30/06/2020 10:41