САД ги повикаа европските земји да прекинат соработка со крупниот кинески произведувач на опрема за проверка на товар и багаж, „Нуктеч“, бидејќи растечкото присуство на компанијата во Европа наводно ја ставало под закана безедноста на стариот континент.

Како што денеска јави Волстрит журнал, Советот за национална безбедност на САД и други државни агенции им порачале на европските партнери да се откажат од системите за скенирање дизајнирани од компании контролирани од кинеската Влада.

Овие системи се употребуваат во аеродромите, пристаништата и на граничните премини во европските земји за проверка на багаж, товар и патници.

Се истакнува дека системите за проверка на товар и багаж се тесно интегрирани со бази на податоци кои содржат информации за патниците, како пасошки податоци, отпечатоци на прсти и др. Американски официјални лица сметаат дека овие системи можат да дозволат влез на кинеските компании до персонални и комерцијални податоци.

САД страхуваат дека „Нуктеч“ може да предава информации на властите на Кина. За тоа се гоори и во документи на американскиот Стејт департмент.


Администратор
29/06/2020 22:58