Откако во јавноста се појавија нови аудио-бомби на кои лидерот на СДСМ Зоран Заев се слуша како вели ќе соберам и шуто и рогато, а после на тие што ќе влезат со мене во коалиција мамето ќе им го *бам, со реакција на фејсбук излезе и Заев.

Тој вели дека лошо се изразил и дека се докажало дека во последните три години имал добри односи со коалиционите партнери.

- Лошо сум се изразил во разговорот од 2016 година кој денес е објавен на курирските портали. Но, наспроти тие неколку несоодветни зборови, во изминативе три години стојат на виделина сите добри односи, почит и достојна соработка со сите наши коалициони партнери. Низ конкретни дела секој ден градам човечки и пријателски односи со сите мои партнери и соработници, затоа нашата коалиција постојано расте, затоа нашето мнозинство победува, напиша Заев.


Администратор
29/06/2020 22:43