СДСМ го користи буџетот на општина Струмица за раздавање тендери на луѓе блиски до Заев.

Зоран Заев и неговите наследници градоначалници на Струмица само на семејната фирма на Цветанка Иванова, ДИКОР ЦД ДООЕЛ, дале над 1 милион евра односно преку 70 – тина тендери од буџетот на општина Струмица.

Бидејќи бев вчера прозван од градоначалникот на Струмица, ова што денес ќе го приложам пред медиумите се документите извадени од страницата на Бирото за јавни набавки од кои што јасно се гледа дека фирмата ДИКОР ЦД ДООЕЛ, која што е сопственост на синот на Цветанка Иванова, а претходно на нејзиниот сопруг, од општина Струмица, во период од 2009-та година до денес испумпала над 1 милион евра.

Синот на Иванова, Зоран Иванов, кој е сопственик на ДИКОР ЦД ДООЕЛ, е исто така косопственик на Омни градба, заедно со Трајче Заев.

Додека другите бизнисмени од Струмица, како што кажуваше Заев во снимката од „Едно евро за Вицето, едно за црквата“ плаќале по едно евро од квадрат кај Вице рекет, некој се богателе од буџетот кој што го полни и го полнеле струмичани, години наназад.

Додека обичните фирми требало да платат рекет за да добијат било каква работа, државна или општинска, бизнис партнерите на Заеви нижеле милиони преку јавни набавки, и од обични административци, соработниците на Заев Заев станале милионери со доделување набавки без тендери на нивните семејни фирми.

Времето во кое СДСМ го користеше буџетот за полнење на сметките на фирмите на луѓето бизнис партнери на Заеви наскоро завршува.

Одговорност ќе има за сите, кои злоупотребиле функција и се богателе на сметка на нашиот и намачен македонски народ.

Доаѓа време за одговорност.

СДСМ изминатиов период покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и може повеќе порази за нашиот народ и нашата земја. Да ставиме сите заедно крај на оав виткање на кичмата. Време е Македонија да се исправи! Следува обновата на Република Македонија!

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ


Администратор
29/06/2020 15:13