Јутјуб каналот „Зоки истина“ денеска објави две нови бомби на кои се слуша гласот на претседателот на СДСМ Зоран Заев како разговара со соговорник кој на аудио материјалите е со мутиран глас.
Според досегашните информации објавени во јавноста станува збор за разговор кој Заев го има со Александар Верушевски, односно снимки кои Заев веќе еднаш во јавноста ги потврди како автентични.
Во денешните објавени аудио - материјали Заев на Верушевски му вели дека тој ја регистрирал шарената револуција и дека заедно ќе излезат на избори.
- Не може да се формираат како партија јас го регистрирав тоа, кај ќе се формираат. Шарена коалиција ќе биде кога ќе излеземе. Ќе соберам на купче и шуто и рогато. Све, па после мамето ќе им го *бам, сите што ќе влезат кај мене во коалиција, вели Заев во еден од разговорите.
Во вториот разговор пак Заев и Александар Верушевски зборуваат за Владиката Наум а претседателот на СДСМ вели дека бил премачкан со сите бои и не знаел дали повеќе време поминувал со него или со Сашо Мијалков.
Аудио разговорите може да се слушнат на следниов линк.