Техничкиот премиерот Оливер Спасовски кој е задолжен за организирање на фер, слободни и демократски избори и денес продолжува да промовира проекти во пресрет на изборите кои се уште не се завршени.

Тој во придружба на заменик-министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска, и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски беше во посета на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром во општина Гази Баба и по увидот изјави дека градежните работи се при крај и очекува салата наскоро да биде завршена, а учениците да ја користат од септември во новата учебна година.

Спасовски во својата изјава потенцираше што се се направило до сега, а како е тоа поврзно со функцијата која ја има останува нејасно.