На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле 19 возрасни позитивни пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 129 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 80 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.