Починати се девет лица, седум пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Струга.

Како што информира Министерството за здравство, во ГОБ „8 септември“ починати се седум лица од Скопје, двајца пациенти на возраст од 62 години, останатите на возраст 56, 59, 74, 88 и 73 години.

Во КБ Тетово е починат еден пациент на возраст од 79 години. Во денешната статистика е евидентиран и пациент од Струга починат во „Филип Втори“ (Жан Митрев) на возраст од 84 години.