Во последните 24 часа регистрирани се 176 нови случаи на Ковид-19 во земјава. Оздравени се 80 пациенти, а починаа девет лица, информира денеска Министерството за здравство.

Спроведени се 870 тестирања, а од новодијагностицираните најмногу се регистрирани во Скопје – 61, Куманово-8, Дебар-1, Штип-14, Прилеп-5, Тетово-22, Струга-19, Велес-5, Битола-3, Охрид-14, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-1, Кичево-6, Ресен-5.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 80 оздравени пациенти од: Скопје-5, Куманово-1, Штип-18, Тетово-30, Битола-2, Гостивар-8, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-8, Берово-1, Валандово-2, Кичево-1, Ресен-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6080, бројката на оздравени пациенти е 2315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3479. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 2951, активни 1978

• Куманово 740, активни 283

• Дебар 91, активни 39

• Штип 319, активни 176

• Прилеп 250, активни 27

• Тетово 664, активни 367

• Струга 214, активни 131

• Велес 178, активни 35

• Битола 49, активни 16

• Охрид 163, активни 139

• Кавадарци 14, активни 8

• Гостивар 111, активни 62

• Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 15, активни 10

• Крива Паланка 15, активни 9

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 6, активни 3

• Кочани 69, активни 24

• Пробиштип 15, активни 10

• Демир Хисар 2, активни 1

• Македонски Брод 4, активни 2

• Пехчево 6, активни 3

• Берово 2, активни 0

• Валандово 6, активни 2

• Виница 3, активни 0

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 4, активни 1

• Свети Николе 25, активни 23

• Кичево 30, активни 25

• Ресен 98, активни 92

• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

-Направените 870 теста се преку: ИЈЗ –396, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –99, Биотек –74, МАНУ -153, Жан Митрев (Филип Втори) -29, Судска медицина-0, Систина со PCR метода -71, ЦЈЗ Битола-28, лабораторија Лаор- 20. Досега во земјата се направени вкупно 58.765 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот, информира Министерството за здравство.