За денес во 14:00 часот е најавен мирен протест пред седиштето на СДСМ од страна на движењето „Зошто да не“ и „Јас верувам“ поради разрешувањето на Арбен Зибери од страна на СДСМ, пренесува Прес24.

Зибери, беше разрешен откако на „Фејсбук“ објави дека како член на Комисијата за заразни болести дал придонес за отворање на границите, со цел граѓаните да дојдат и да гласаат за Албанец да биде избран за премиер.