До пред неколку децении на луѓето кои имаа тетоважи на нивните тела, се гледало со чудење (осуда). Се сметаше дека тетоважи имаст само затворениците, или пак оние што служеле во ЈНА. Оние што носеле тетоважи, честопати ги покривале со облека, за општеството да не ги осудува, но исто така и се плашеле да не добијат отказ од работното место доколку се открие дека тие го украсиле телото на овој начин.

Имено уште од античко време луѓето сакале да ги красат своите тела на различни начини. Додека едните носеле обетки, други беа воени бои, а тетоважите беа присутни во многу култури. Подоцна тоа се прошири и стана сепоприсутно, а салоните за тетоважи се наоѓаат практично на секој чекор, но дури и денес има земји каде што тетоважите можат да ве вовлечат во неволја.

Порталот Brightside издвојува шест земји каде што ќе се соочите со проблеми доколку имате тетоважи.

Тајланд

Кога ќе дојдете на Тајланд запомнете - не постои шега со кралот и неговото семејство на кој било начин. Исто така, не се шегувајте со Буда. Бидејќи ова е во голем дел будистичка земја, сликите на Буда и статуите се сметаат за свети, а ако сметате дека му оддавате почит на Буда со тетоважа од неговиот лик – многу грешите, пренесува Pun kufer.

Да се има тетоважа со ликот на Буда на раката или грбот се смета за непочитување и е навредливо за припадниците на религијата. Затоа, Тајланд им забрани вакви тетоважи на локалното население, како и на странците, па затоа препорачуваме да ја покриете тетоважата со ликот на Буда од вашето тело при посетата на Тајланд, за да не биде - не знаевме.

Данска

Во оваа земја е забрането тетовирање на рацете, вратот или лицето од 1996 година. Се разбира, Данците се сè уште премногу либерални, па ако прошетате низ Копенхаген ќе видите луѓе со многу тетоважи точно на споменатите места, така што законот всушност е - мртво писмо на хартија.

Хаваи

Тука забрането е да имате тетоважи на две места, освен ако не ви е дозволено да го сторите тоа, од страна на доктор. Станува збор за тетовирање зад увото или очните капаци, па потребно е присуство на лекар. Така да не е точно дека на островот се тетовираат како луди.

Северна Кореја

Како и сè, тетовирањето во оваа земја е строго под контрола на Комунистичката партија. Па така на пример, не треба да го ставате зборот „љубов“ ако тоа покажува чувства кон вашето семејство, но ако го покажете тоа чувство за државата - тој збор е добредојден. Од друга страна, ако сакате да поставите слика навашето тело од Ким Јонг Ун или на некој од неговите предци, може да завршите во затвор, затоа што сликите од нив ги сметаат за свети. Всушност, кога размислуваме за тоа подобро, не знаеме ни кој би се осмелил да ја тетовира таа слика на вас, а и луѓето од Северна Кореја како да не патуваат низ светот баш нешто многу...

Јапонија

Иако Јапонците не забрануваат тетовирање, сепак со тетоважи не можете да одите секаде. Причината за ова лежи во минатото, кога тетоважите се поврзуваа со јапонското криминално милје, поточно, јакузата. Значи, ако се подготвувате за базен, сала за вежбање, ресторан или кое било друго слично место, потрудете се вашите тетоважи да не бидат забележителни.

Германија

Иако има толку многу тетовирани луѓе во Германија, некои работи се забранети со закон и се казнуваат. Значи, не смеете (или можете, но никој не смее да ве види) како тетоважа да имате кукаст крст или сличен симбол што укажува на нацизмот. Сепак, Германците не гледаат позитивно ни кон комунистичките симболи, така што вашите тату мајстори ќе одбијат да го украсат вашето тело со срп и чекан, црвена ѕвезда и слични работи.


Администратор
28/06/2020 03:56