Од министерството за здравство информираа дека Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти од: Скопје-21, Штип-3, Прилеп-2, Тетово-3, Битола-1.

Починати се 9 лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.

– На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 79 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се две лица од Скопје на возраст 58 и 81 година и пациент од Тетово на 58 години.

Во Тетово починати се пет лица на возраст 63, 60, 77, 72 и 69 години, велат од Министерството за здравство.