Нови аудио бомби осамнаа на интернет платформата youtube во кои според транскриптот на објавените материјали во главна улога се Зоран Милески Кичеец и српскиот тајкун Миодраг Давидовиќ Дака.

Аудио материјалите на каналот „Раце Лепливи“, открива фрапантни сознанија и сомневања за криминал во кој се врзува името на контраверзниот српски тајкун Миодраг Давидовиќ Дака, Зоран Заев и Рашкоски. Врската за овие три имиња е Зоран Милески Кичеец кој пак е осуден за случајот Рекет.

Аудио бомбата опфаќа разговор на Миодраг Давидовиќ Дака и Зоран Милески Кичеец кој кажува дека е пратен директно од Зоран Заев.

Разговорот објавен на „ЈуТјуб“ го почнува Зоран Милески кој му кажува на тајкунот Давидовиќ Дака да одат кај Зоран Заев и дека има организирано се. Подоцна се дознава дека Дака и Заев имале директни средби, но и дека биле платени 300 илјади евра.

Зоран Милески: Јас бев кај него (Зоран Заев),ми вика знаеш за Дака, доаѓа цело време тука, се сум организирал…Со Рашкоски дали го држиш под контрола. И јас сум реков ДА! И тој ми рече добро ти го работиш ова, јас го правам ова за тебе.

Потоа Милески го потсетува Дака дека му дал ветување на генералниот секретар на Владата и близок соработник на Заев, Рашкоски дека е тука, ако треба да заврши работа за референдумот за името.

Очигледно Давидовиќ Дака е незадоволен бидејќи се чувствува изигран за парите кои ги дал бидејќи не го добил тоа што требало да добие. Во тој контекст се спомнув земја во Штип, закон за тутун, хидроцентрали....

Бизнисменот Давидовиќ Дака вели: Ги знам тие ваши трикови, Јас вас ви дадов 300 илјади евра и 2000 квадрати работата не е завршена, што сакате уште, само се фолирате, ме правите будала” Јас тебе те исплатив и со тебе немам ништо. На што Милески одговара дека има работа сега со Рашкоски.

Зоран Кичеец го моли Дака да го однесе кај Зоран Заев и Рашкоски, на што овој одбива бидејќи се чувствува изигран бидејќи не ги исполниле обврските спрема него иако платил 300 илјади евра кеш.

– Не сакам да одам кај Заев за да платам повторно за да го плати референдумот. Се местите еден со друг, за референдум, за овој со оној. Не сакам да одам не сакам да завршам. Ти исплатив поштени 300.000 добивте уште 2.000 квадрати екстра. Ако ја спроведеме работата ќе земете 2 милиона, оној ќе ви даде уште 2, ќе бидат 4. Мене ми е поевтино да ви поклонам се, вели Дака.

Разговорот завршува со тоа што Кичеец вели дека ќе отиде кај Заев за да каже тој да си продолжи со Дака. “ќе му кажам Зоки еве го Дака вие терајте понатаму со Рашкоски”.

Во еден дел од разговорот Дака вели:

Инаку Мирослав Давидовиќ Дака е контроверзен српски тајкун врз кого беше направен атентат пред една година. Република рс пишува дека со руски пари финансирал преврат во Црна Гора.

Аудио материјалот во траење од 12 минути може да се слушне на следниов линк.