Според новите истражувања, еден од тројца мажи во Велика Британија е толку дебел што не може да си го види пенисот.

Британските медиуми објавија дека 33 проценти од мажите, на возраст од 35 до 60 години, се толку дебели што кога стојат не можат да си ја видат машкоста. На страницата „weloveourhealth.co.uk“ биле интервјуирани 1.000 мажи, а д-р Јохан ду Плесис, кој бил ангажиран како онлајн лекар, рече дека податоците се навистина вознемирувачки.

"Мажите треба да најдат мотивација за да ги надминат опасностите од прекумерна телесна тежина. Оние кои не го гледаат својот пенис, најверојатно развиваат дијабетес тип 2, карцином на дебелото црево и имаат поголема шанса за срцев удар", рече д-р Плесис.


Администратор
27/06/2020 09:00