Две нови бомби попладнево се објавени на интернет платформата youtube за кои се тврди дека се слуша гласот на Ден Дончев и кои се продолжение на веќе објавените аудио-разговори од пред некој ден.
На снимките може да се слушне гласот на Ден Дончев, како открива дека во последните три до четири години од Македонија во Швајцарија на нелегален начин се изнесени од 10 до 15 милиони евра.
Дончев, во една од бомбите насловена „Лекција 2“ раскажува дека, инволвираните прво ја направиле фирмата загубар и на име на авторски права биле испумпани 10 милиони евра.Тука повторно го спомнува адвокатот Медарски.
– Знаеш што е само работата значи, јас побарав од Зоки да пуштиме инспекција веќе ми пукна филм ме мафтаа отидоа снимаа и има кривичен наод против овој и тогаш они го ангажира Медарски да ургира кај Заев и сега Медарски од една страна јас од друга страна…Имаат испумпано милиониски суми од тука ја имаат направено фирмата загубар, а 10 милиони евра пумпаат на име авторски права – вели гласот за кој се тврди дека е на Дончев.
Аудио материјалите може да се слушнат на следниов линк.
Поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Ден Дончев попладнево бил на разговор во полициска станица Карпош, уредно се пријавил сам, а по извршениот разговор, си заминал, информираат од МВР.