Поранешниот директор на ФЗОМ, Ден Дончев попладнево бил повикан на информативен разговор во полициската станица во Карпош.

Како што информираше МВР за дел од медиумите Дончев бил повикан да даде изјава во 16 часот, во полициската станица Карпош, според местото на неговото живеење, каде се задржал половина час и си заминал.

Според неофицијални информации, информативниот разговор бил во врска со објавените снимки на youtube во кои се гледа како Дончев зема и става пари во торба.