На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 2 деца сомнителни на ковид и 11 возрасни позитивни пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 135 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент - позитивни и сомнителни на ковид-19.