На денешната седница Владата донела и одлука, исто така од петок, 26 јуни, угостителските објекти да можат да работат и во внатрешноста на објектите преку соодветен протокол за работа.

Од петок, 26 јуни 2020 година, се дозволува и работата на теретаните и вежбалните, а моловите, од истиот датум, ќе можат да работат и во неделите.

-За сите овие одлуки до петок, 26 јуни 2020 година, кога започнува нивната важност, ќе бидат подготвени протоколи кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции во чија надлежност се овие одлуки, напиша Спасовски на Фејсбук.

Инаку министерот за здравство на вчерашната прес-конференција истакна дека поради викендите влијаат на зголемувањето на бројот на новозаразени, но Владата се одлучи моловите да ги отвори за работа и во недела што досега беше забрането.