Владата денеска врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПСР-тестови и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин, објави Оливер Спасовски на Фејсбук.
Техничкиот премиер напиша и дека Владата денеска донела Одлука од петок, 26 јуни, да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
-Согласно овие одлуки, Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни, соопшти Спасовски.