На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 109 пациенти од кои на кислородна поддршка се 46 пациенти, и нема пациенти на механичка вентилација.

Во монтажната болница се хоспитализирани 13 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент и две деца позитивни на Ковид-19.

До изутрината во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 127 пациенти од кои на респираторна машина се седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.