Иако здравствените власти постојано уверуваат дека третманот на сите други болести освен ковид 19 тече нормално и вообичаено, како пред кризата, сторијата на битолчанката Николина Мојановска е доказ за целосен колапс.

Таа 4 месеци чека за операција на колк што инаку била итна.

„Од 26 март, до сега чекам за операција. Со големи болки сум, прашувам во болница, ми кажуваат оти работеле само со итни пациенти. На нервна база, помислувам да испијам доволно лекови за да се спасам од болката, вели Мојановска за Алфа.

И директорката на битолската болница, каде требало да се изврши операцијата потврдила за случајот, правдајќи се дека согласно препораките од Министерството примале само итни случаи. министерот венко Филипче денеска рече дека немале дефинирана стратегија за враќање на сите здравствени центри во функција на граѓаните.

-Точно е дека се подготвуваа за враќање во нормала сите ЈЗУ, но бројот на новозаболени го стопираше ова. Веќе разговаравме, онаму каде што е можно, не во сите ЈЗУ да се почне со работа, со операции на приоритетните случаи, вели министерот Филипче.