Утрово на состанокот на Комисијата за заразни болести се разговараше за дополнително попуштање на мерките, пред сѐ на мерките коишто сега значат забрана за работа на повеќе економски оператори.

Донесена е одлука да се предложи на Владата да се отворат според строгите протоколи, казината, автомат-клубовите, и апаратите во обложувалниците. Понатаму, да профункционира јавниот превоз во Тетово, и кон крајот на оваа недела и отворање на теретаните и фитнес-центрите, но согласно веќе утврдените протоколи коишто за сите овие претходно наведени оператори Комисијата ги работеше заедно со претставниците на нивните здруженија.