Согласно последниот извештај на Институтот за јавно здравје се наведува дека од вкупниот број позитивни случаи регистрирани во период од 12-ти до 20-ти јуни, најголем дел се од Скопје - 58.3% и од Тетово - 14.2%, што практично докажува дека овие два града и нивната околина се најголемите жаришта во државата, додека во другите градови се регистрира драстично помал број на случаи, истакна министерот Филипче на прес-конференција.
„Од 12-ти јуни регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, најзастапена е возрасната група над 60 години - 24.2%. Сепак има и помлади лица заболени, од 30 до 39 години - 19.4%, што укажува на тоа дека никој не е поштеден, ниту имун на вирусот. Во однос на статистиката на смртни случаи, регистрирани се 65 смртни случаи во истиот период во десет градови, најголем дел на возраст над 60 години - 83.1%, а 58 од овие случаи, односно 89% се случаи со бројни хронични заболувања“, информираше Филипче.