Владата на Република Македонија попладнево ќе одржи седница преку видео-конференциска врска.

За заклучоците од седницата, владината прес-служба ќе информира со соопштение по нејзиното завршување.

Инаку денеска истекува осумдневната вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски со цел да се спроведат неопходните подготовки за организација на предвремените парламентарни избори на 15 јули.