Нови аудио и видео бомби денес осамнаа на интернет платформата Youtube.

Аканутот со псевдоним лепливи раце, објави видео снимка на која може да се види како Ден Дончев, поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување кој неодамна од нигде-никаде си поднесе оставка на функцијата, од непозната личност добива купче пари и истите ги става во ташна.

Покрај видеото на акаунтот се објавени и три разговори во кои може да се препознае гласот на Дончев, а разговорите се однесуваат на купопродажбата на Дијамед, афера која во македонската јавност ја откри новинарот Бранко Героски.

Од аудиото се слуша како доскорешиот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, се фали дека е во постојана комуникација со директорот на финансиското разузнавање Блажо Трендафилов, кој самиот Дончев тврди дека му бил близок пријател на Зоран Заев и затоа го поставил на таа позиција.

Во разговорите може да се слушне како Дончев го координира случајот „Рекет 2“, односно да влезат во компанијата „Дијамед“ која пак обвини за рекетирање од власта.

За потсетување Вера Иванова, бизнисменката која го продаде „Дијамед“ на шведска фирма со се 20-годишна лиценца за дијализа, пред неколку месеци поднесе кривична пријава против министерот за здравство Венко Филипче и против директорот на Фондот за здравство Ден Дончев. Адвокатот на Иванова тврди дека ја оневозможувале продажбата на странски инвеститор со што предизвикале штета и на бизнисменката и на државата.

На крајот на минатата година словенечката телевизија „Нова 24“ објави дека Зоран Милески Кичеец и’ се јавил на Вера Иванова, жртвата во аферата „Рекет 2“ за да ја уценува, дека ако не се предомисли за продажбата на нејзината фирма „Дијамед“ ќе следела истрага против неа.

„Само ден подоцна, на 26 октомври, обвинителката Вилма Рускоска најавила дека нејзиното обвинителство ја истражува работата на фирмата ’Диамед’. Две недели подоцна следува поголем шок. Обвинителството ги замрзнува средствата на сопственичката на ’Диамед’, околу 11 милиони евра, стекнати од продажбата на фирмата на шведскиот стратешки партнер“, се наведува во текстот објавен на телевизијата „Нова24“.

Во аудио бомбите денес објавени Дончев е нервозен бидејќи во играта се вмешува и адвокатот на Зоран Заев, Филип Медарски.

„Го имаат фатено Медарски од другата страна, со цел да имаат влијание кај премиерот. Шефот се согласи да им пуштиме полиција внатре, влегоа и Медарски замоли да се најде заеднички јазик и јас се согласив на тоа“, вели Ден Дончев, и додава дека „ако им направиме проблем ние тука може да има проблем при продажбата на компанијата“.

Аудио разговорите може да се слушнат на следниов линк.