На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациент. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се девет нови, а вкупно хоспитализирани 133 пациенти. На респираторна машина се седум пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.