Починати се пет пациенти ( двајца од Куманово и по еден од Скопје, Струга и Гостивар). Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти од кои 11 од Скопје, 10 од Тетово и еден од Велес, соопшти Министерството за здравство.
Во ГОБ „8 септември“ починаа пациентка од Скопје на 77 годишна возраст, примена на 2 јуни и пациент од Гостивар на 45 години, хоспитализиран на 14 јуни. Во ОБ Струга почина пациент на 80 години, хоспитализиран на 15 јуни. Во ОБ Куманово почина пациент на 51 година, примен на 14 јуни. На 19 јуни почината е пациентка од Куманово на возраст од 40 години, потврдена позитивна на 20 јуни.