Денеска сме овдека во Куманово, ќе разговараме со Кумановчани за актуелната ситуација, за предизвиците кои што во изминатиов период ги чувствуваме сите ние, пред се тука мислам на лошата, политичка, економска состојба во државава, изминатата тригодишна пандемија предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев. Вклучително и лошото справување и менаџирање со вирусот Ковид-19, односно Ковид пандемијата која што го зафати целиот свет, ја зафати Европа. Цела Европа излегува ги отвора границите, се нормализира животот, за жал кај нас допрва ги очекуваме најголемите пикови и бележиме рекорди по бројот на луѓе кои што за жал го губат својот живот.
Но тоа е, што е, периодот кој што е пред нас ќе се обидеме ширум Македонија да ја презентираме нашата програма, да разговараме со што е можно повеќе сограѓани, да ги убедиме во нашата мисија, а тоа е најпрвин да ја поразиме пандемијата наречена ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, а потоа да ја совладаме пандемијата со Ковид-19 вирусот. Се разбира и економски и политички Македонија да ја вратиме во нормален колосек, а не онаму каде што силно ита, а тоа е бездна која што ја предводи ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев.
Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ