За кланицата од 11 мртви и 185 заразени се виновни Венко Филипче и Зоран Заев. Филипче и Заев неспособно менаџираа со кризата и придонесоа да ни се случи втор пик уште во јуни.

Заев и Филипче не можат да се справат со уште еден пик на коронавирус кој би се случил наесен. Македонија со СДСМ само тоне.

СДСМ ќе ја задолжи државата за над 1 милијарда евра, само поради лошиот начин на менаџирање со коронавирусот.

Поради Заев и Филипче болниците се преполни, во услови кога цел регион нема корона и по неколку недели.

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.