Во последните 24 часа се направени 1364 тестирања и се регистрирани 185 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје-96, Куманово-2, Дебар-18, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-14, Струга-20, Велес-2, Битола-2, Охрид-7, Кавадарци-2, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-8, информира Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 41 оздравен пациент и тоа од Скопје-29, Куманово-1, Штип-4, Тетово-2, Велес-4, Гостивар-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5005, бројката на оздравени пациенти е 1904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2868. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 2440, активни 1653

• Куманово 680, активни 229

• Дебар 81, активни 29

• Штип 264, активни 207

• Прилеп 231, активни 18

• Тетово 515, активни 316

• Струга 169, активни 90

• Велес 164, активни 32

• Битола 38, активни 9

• Охрид 98, активни 79

• Кавадарци 11, активни 6

• Гостивар 81, активни 54

• Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 10, активни 7

• Крива Паланка 11, активни 5

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 5, активни 2

• Кочани 59, активни 26

• Пробиштип 12, активни 10

• Демир Хисар 1, активни 0

• Македонски Брод 3, активни 1

• Пехчево 5, активни 2

• Берово 2, активни 1

• Валандово 6, активни 4

• Виница 3, активни 0

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 4, активни 2

• Свети Николе 14, активни 12

• Кичево 8, активни 5

• Ресен 57, активни 56

• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.364 теста се преку: ИЈЗ –576, ЦЈЗ Скопје-31, Авицена –88, Биотек –160, Систина со PCR метода –165, МАНУ -157, Жан Митрев (Филип Втори) -184 и Судска медицина-3. Досега во земјата се направени вкупно 50.384 тестирања на ковид -19.

Во рамките на скринингот се направени 77 теста во градинки во Штип и нема позитивни резултати на ковид-19.