Ќе разговараме за она кое што е актуелно, ќе разговараме за тоа што е направено изминативе три години од страна на ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев т.е да бидам попрецизен тоа што не е направено. Ќе се обидеме да презентираме дел од проектите кој што планираме во периодот кој што следи да ги реализираме, да ја претставиме практично обновата која што доаѓа, да ја пренесеме онаа енергија која што се чувствува секаде низ Македонија и овде во Струмица, морам да кажам дека на прва впечатокот е одличен. Јас сум оптимиста за една голема победа која што ќе се случи на 15 јули, народот заедно со Коалиција „За Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испрати во историјата овие неуспешни политичари кои што 3 години ја држат во заложништво Македонија.
Така што еве да не должам, да сумирам им посакува многу среќа и здравје пред се на Струмичани, да се чуваат бидејќи ова се предизвикувачки времиња, а ние сме тие кои што колку може ќе внимаваме во вој предизборен период, но ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот и никако не може да води кампања позади сметачките машини, позади екраните, туку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заедно со народот и во следните 25 дена и во оние 20 дена кои што ќе бидат дел од кампањата, така што очекувајте не, тука сме со народот колку може ќе бидеме заштитени, ќе ги почитуваме оние протоколи за заштита на здравјето на граѓаните.
Новинарско прашање: Дали може ваш коментар за објавените снимки на кои наводно се слуша гласот на адвокатот Васко Димишков како бара 6 милиони евра за да биде пушен на слободата одреден бизнисмен?
Одговор на новинарско прашање: Кратко ќе кажам тоа го потврди вчера и обвинителката Вилма Русковска, изминативе три години изгледа професија во нашата држава во Македонија било рекетот.
Гледаме дека сега и адвокати кои што знаете дека се силно инфилтрирани во македонското судство семејно практично имаат пуштено корени таму се занимавале со рекетирање на луѓе, изнуди, посредништво. Се чудам денеска кој е тој кој што во Македонија има 6 милиони евра во кеш што би рекол еден друг политичар. Но, ете очигледно дека лицето кое што се слуша на таа снимка може да даде одговор кој е тој кој што денеска поседува таква сума, кога би рекол огромно мнозинство на граѓаните едвај крај со крај врзуваат. Така што рекетот изминатите три години било професија и практично земал епидемиолошки размери низ целата држава. Така што 15 јули е уште еднаш можност на граѓаните да ги поразат сите овие погрешни политики.
Новинарско прашање:Излезе информација дека вашата мајка е позитивна на коронавирусот, прво дали е точна таа информација и доколку е точна дали правевте проверки односно дали правевте тестови и кога последен пат вие сте тестирани?
Одговор на новинарско прашање: Излезе таква информација, да точно е. Мајка ми е позитивна, веќе неколку дена. Ние се немаме видено, направен е тоj епидемиолошко интервју со неа, луѓето кои што биле во нејзина близина се разбира ќе бидат и се веќе во самоизолација. Јас подолг период се немам видено имајќи предвид ризикот на кој што сум секојдневно изложен бидејќи секојдневно се среќавам со луѓе и разговарам така што да за жал точно е. Веќе неколку дена би рекол 5/6 дена е во домашни услови и посакувам добро здравје, за жал и кај нас во семејството ја почуствувавме директно оваа пандемија и се надевам дека побргу ќе помине. Ние сме тука да и ги олесниме деновите кои што доаѓаат во борбата против овој вирус. Истовремено да им посакам на сите граѓани многу здравје и да се чуваат бидејќи јас за разлика од други определени политичари нема да ја релативизирам таа работа. Многу сериозен е овој вирус и луѓето кој што го преживуваат, сериозно го преживуваат. Имајќи ја во предвид неспособноста на Владата, имајќи ја во предвид неспособноста на ресорниот министер да се справи со оваа пандемија таа за жал на дневна основа е се повеќе присутна помеѓу нас. Но и тоа е уште еден мотив повеќе за мене за да излезам до 15 јули да разговарам со што е можно повеќе граѓани, да ги убедам да на 15-ти јули ја поразат оваа власт предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев.