ХРВАТСКА

Со одлука на Кризниот штаб за цивилна заштита, а следејќи ги препораките на Европската комисија се продолжува забраната за влез во Р. Хрватска за граѓани од трети земји до 30 јуни 2020 за несуштински патувања.

Во Р. Хрватска нема воведено мерка карантин или самоизолација, ниту се побарува поседување на ПЦР тест Ковид 19;

За влез во Р. Хрватска за лица од земји вон ЕУ и шенгенскиот простор е овозможен под следниве услови:

Регулиран престој во Р. Хрватска (дозвола за престој, работа, студирање и тн.)

Закажани здравствени лекувања во здравствени установи

Поседување документација со која се докажува покана за посета на деловен субјект во Р. Хрватска

Поседување на документација со која се докажува сопственост на недвижност во Р. Хрватска

Резервација за обезбедено туристичко сместување Р. Хрватска

Државјани на Македонија можат да транзитираат преку територија на Р. Хрватска со претходен доказ дека имаа обезбедено дозвола за влез во државата со крајна дестинација.