ТУРЦИЈА
Република Турција почнувајќи од 11 јуни о.г. ги укина сите ограничувања и рестрикции кои како резултат на пандемијата на КОВИД-19 беа воведени за странските државјани во врска со нивниот влез/излез и транзит до/од и преку Република Турција (забраната сеуште останува за копнената граница со Иран).
Странските државјани кои влегуват во Република Турција ќе бидат подложени за здравствена проверка, а за оние кој покажуваат симптоми на КОВИД-19 ќе се им биде направен бесплатен PCR тест на граничениот премин. Доколку тестот е позитивен страснките државјани ќе бидат хоспитализирани во Република Турција (процедурата за хоспитализацијата ќе биде спроведена на лице место со помош на преставници на Министерството за Здравство на РТ).
Според правилата на Република Турција, МНР на Турција, потребно е со вербална нота навремено (најмалку три работни дена однапред) да биде известено во врска со пристигнување на дипломатски/конзулари преставници и преставници на меѓународни организации и членови на нивните семејства (се доставуваат информации кои вклучуваат: број на турска ИД карта, број на патната исправа, податоци за возилото, граничен премин и датум на негово преминување). Целта на наведената мерка е да се реализира нивни полесен и побрз премин преку границата.
Во Турција, нема ограничување за транзит на странските државјани. Исто така процедурите за престој (привремен/долготраен престој) на странски државјани продолжуваат да бидат нормални без ограничувања/рестрикции.
Македонските државјани кој не биле во можност да излезат од Турција поради различни причини поврзани со коронавирусот на КОВИД-19, а кои поминале над 90 дена престој во Турција, потребно е да ја напуштат Турција најдоцна до 10 јули о.г. (односно за време од еден месецпресметано од датумот кога се отворени границите на Република Турција).
Доколку на странските државјани како резултат на воведените привремени двострани или еднострани суспензии на авионските летови од поголем број на авионски компании поради појавата на новиот коронавирус COVID-19 им бидат откажани летовите и со тоа се предизвикало надминување на времетраењето на нивните визи или времетраењето на нивниот престој заради виша сила, во такви случаи е потребно преку нивните дипломатски мисии да го известат МНР на РТ со имињата, бројот на пасоши и местото на излез за да може да се направи соодветна евалуација, а со цел таа категорија на странски државјани при излезот од РТ да не бидат казнети за пречекорувањето на дозволениот рок на престој. Во согласност со наведениот став, сите државјани на РСМ кои се во категоријата на лица кои го пречекориле времето на нивниот престој, потребно е да се јавуваат во Амбасадата на РСМ во Анкара и ГК на РСМ во Истанбул и да ги остават потребните податоци за потоа истите да бидат доставувани до МНР на РТ.