СРБИЈА
Владата на Р. Србија на 22.05.2020 година донесе одлука за укинување на забраната за влез во Р. Србија за сите категории на домашни и странски државјани. Според истата, за влез повеќе не е потребна посебна дозвола/согласност, со што минувањето на границата е вратено на вообичаен режим. Исто така, наместо мерки на самоизолација и КОВИД-19 негативен тест, на граничните премини ќе се врачува писмено известување (здравствено предупредување) за придржување кон мерки за спречување на ширење на вирусот.
Со одлуката се регулира и рокот на важење на дозволите за привремен престој, кој може да се продолжи со поднесување барање до 01.07.2020 година, или во рок од 30 дена од остварениот влез.
Исто така со одлуката е пропишано дека на сите лица на кои им е одредена мерка- изолација во домашни услови-истата им се прекинува со денот на стапување во сила на одлуката.
Србија известува дека странските државјани кои на денот на стапување на одлуката за вонредна состојба законски престојувале во Србија, можат да останат во Србија додека трае вонредната состојба, без обврска за покренување постапка за утврдување на нивниот статус.