СЛОВЕНИЈА

Сметано од 13 јуни, поради влошената епидемиолошка состојба во Македонија, на сите лица кои доаѓаат од Македонија и на лицата кои влегуваат во Словенија, а имаат постојан или привремен престој во Македонија, им се одредува карантин во траење од 14 дена, без оглед на државјанството или престојувалиштето.

Исклучоци важат само за:

• лице кое се бави со трговија или активности кои при преминување на границата се докажуваат со доказ за вршење на трговскиот превоз или активности во Словенија или во странство (сертификат за извршена регистрација на услуги и сертификат А1 во согласност со законот, со кој се уредува прекуграничното вршење на услуги) и се враќа преку границата во рок од 24 часа од влегувањето, односно, достави негативен резултат на тестот за присуство на САРС-КоВ-2 (СОВИД-19), кој не е постар од три дена. Во случај на лице вработено во странска компанија што обезбедува услуга во Словенија и престојува во Словенија, ова лице, при преминување на границата, мора да ја достави адресата на престојувалиштето во Словенија и негативен резултат на тестот за присуство на САРС-КоВ-2 (СОВИД-19), не постар од три дена;

работници во меѓународниот транспорт;

• лице кое врши превоз на стока до или од Словенија и за товарен транспорт во транзит и ја напушта Словенија во рок од 12 часа по влегување;

• лице кое патува во транзит низ Словенија во друга земја во рок од 12 часа од влегувањето;

• лице со дипломатски пасош;

лице кое обезбедува услуги за кои е издадена потврда од надлежното министерство и необезбедувањето на овие услуги, како резултат на одредувањето карантин, може да предизвика поголема социјална или економска штета. Додатно за тие исклучоци важи дека мора при преминување на границата да предложат негативен резултат од тестот за присуство на САРС КоВ 2 (КОВИД-19), кој не е постар од три дена и бил извршен во државите членки на Европската унија или шенгенското подрачје.

Странските државјани, затекнати на територија на Словенија, на кои им истекува/ќе им истече работната дозвола, дозволата за престој или рокот од 90 дена во рамки на 180 дена, ќе се смета дека легално престојуваат на територија на Словенија заради исклучителната ситуација, поврзана со затворени граници, неработење на управните служби и тн. На нашето барање дополнителна информација како ќе се операционализира мерката за дозволен престој надвор од роковите, беше одговорено дека нема да има казнување (црн печат или сл.), а откако ќе се смири и нормализира ситуацијата, дека ќе биде јавно обзнането дека правилата се во сила.

Во однос на истекувањето на важноста на личните документи, на истите им се продолжува важноста, врз основа на донесениот Закон за привремени мерки во судските, управните и други јавно-правни работи заради спречување на ширење на заразната болест КОВИД-19. Роковите во управните работи не течат, освен во случаи кога постои опасност по животот и здравјето на луѓето, јавниот ред и мирот, јавната безбедност, имот од поголема вредност ако егзистенцијата на странката зависи од одлуката во случајот, ако остварувањето на други права зависи од решението.

Словенија информира за усвоени мерки за продолжување на валидноста на сите словенечки возачки дозволи, вклучително и осигурувањето на моторни возила и сертификати за АДР за превоз на опасни материи, до 18 мај 2020, кои инаку истекуваат помеѓу 17 март и 16 април 2020 година. Преземените мерки се усвоени со цел ограничување на ширењето на Ковид 19.