ИТАЛИЈА
Со Новата уредба која е во сила од 15.06.2020 донесена од страна на Претседателот на Советот на министри Конте, се однесува на мерките за ограничување на движење поради СОВИД-19.
Што се однесува до патувањето до и од странство, особено во земјите што не се членки на ЕУ, како Република Македонија, суштински сè останува НЕПРОМЕНЕТО ДО 30 ЈУНИ, освен минимални поедноставувања (освен за дипломатите карантин не се применува и за припадниците на армијата кои се на мисија во Италија).
Се потенцира дека до 30 јуни 2020 година, важи забраната за патување до и од земји кои не се членки на ЕУ освен за:
неодложни работни потреби;
итни случаи;
или здравствени причини
Секој кој ќе се најде се во една од овие ситуации, да се врати во Италија, ќе мора да даде изјава, ќе подлежи на периодот на здравствено надгледување од ASL Azienda Sanitaria Locale и само изолација (карантин) во неговиот дом.
Лицето треба да даде адреса каде ќе престојува, како и начинот на патувања до местото на престој.
Новата Уредба со законска сила, исто така, го продолжува времетраењето на кратки посети во Италија и кратки мисии во странство без карантин до 120 часа (претходно беше 72 часа, може да се ПРОШИРИ НА 120 ЧАСА од посебни причини).
Доколку имате потреба за повеќе дополнителни информации (прашања -одговори) како и модулите за потполнување можат да се најдат на веб страницата на МНР на Република Италија со посебен осврт одредбите од чл.4, во врска со влегувањето во Италија и чл.5, во врска со транзити на национална територија) и FAQ Frequently Asked Questions објавени на веб- страницата на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка, достапни на линкот:
https://www.esteri.it/mae/it/ministero/normativaonline/decreto-iorestoacasa-domande-frequenti/focus-cittadini-italiani-in-rientro-dall-estero-e-cittadini-stranieri-in-italia.html